Претседателот Ердоган повтори дека Турција е спремна да ја преземе инцијативата во завршување на конфликтот меѓу Русија и Украина и да посредува во мировните преговори и истакна дека се залага за тоа што е можно побрзо да се воспостави одржлив мир во регионот врз основа на преговорите одржани во Истанбул, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
Ердоган кажа дека неговата земја „ќе ги продолжи решителните и искрени напори кризата меѓу двете соседни земји да се реши и да се постигне мир“.
Преговорите меѓу Русија и Украина почнаа на 28 февруари.
По низата средби во Белорусија, продолжи комуникацијата преку видео-врска, а потоа делегации на двете земји се сретнаа на 29 март во Истанбул.