Ердоган: Го тестиравме системот С-400

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес потврди дека Анкара го тестирала системот за противвоздушна одбрана С-400 што го купила од Русија, наведувајќи дека за тоа не им е потребна дозвола од Соединетите Американски Држави (САД).

Фото: ЕПА

Вашингтон ја обвини Турција дека со купувањето на рускиот систем С-400 ја компромитирала одбраната на НАТО и ѝ се закани со санкции. Тестирањето на системот С-400 минатата недела ги разбесни американскиот Стејт департмент и Пентагон.

„Тестирањата се спроведени и се спроведуваат. Ставот на Соединетите Држави воопшто не не загрижува. Ако не ги тестираме можностите што ги имаме, тогаш што ќе правиме?“, изјави Ердоган пред новинарите.

Двете сојузнички на НАТО долго време се во конфликт околу рускиот систем С-400, а Вашингтон минатата година ја суспендираше Турција од својата програма за борбени авиони Ф-35.

Турски официјални лица изјавија дека тие системи нема да бидат интегрирани во одбранбената инфраструктура на НАТО.

Турција со Русија потпиша договор за купување на системот С-400 во 2017. Испораката на првите батерии на рускиот систем, вредна 2,5 милијарди долари, започна во јули минатата година.

Ердоган рече дека Турција ќе продолжи со тестирање на воената опрема, вклучувајќи лесно, средно и тешко оружје, вклучувајќи ги и оние што ги купи од САД.

„Се чини дека господата (во САД) особено им пречи што ова оружје е од Русија. Ние сме решени, продолжуваме по нашиот пат како и секогаш“, рече Ердоган.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе