Ердоган го објави договорот со Финска и Шведска: „Добив сѐ што сакав“

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 члена на движењето ПКК и Фето, кои ги смета за терористи, најави министерот за правда Бекир Боздаг. Барањето доаѓа еден ден по потпишувањето на меморандумот меѓу трите земји што го отвора патот за Хелсинки и Стокхолм кон членство во НАТО, на што Анкара дотогаш се противеше.

Фото: ЕПА

„Како дел од новиот договор, ќе бараме од Финска да екстрадира шест члена на ПКК и шест члена на Фето, а од Шведска да екстрадира десет члена на Фето и единаесет члена на ПКК“, рече министерот, пренесоа турските медиуми.

Курдистанската работничка партија на (ПКК) е прогласена за терористичка организација во Турција, Европската Унија и САД.

Фето е движењето на проповедникот Фетула Ѓулен, поранешен сојузник, а денес противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кого овој го обвинува за обидот за воен удар во јули 2016 година.

„Го добив тоа што го сакав“

Во вторникот, пред отворањето на самитот на НАТО во Мадрид, Ердоган на неколку часа се сретна со финскиот колега Саули Ниинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Турција го блокираше влезот на двете земји во НАТО, обвинувајќи ги дека засолнуваат милитанти од двете движења. На крајот на средбата во Мадрид беше презентиран меморандум на трите земји со кој се отвора пат за проширување на Алијансата.

„Турција го доби она што го сакаше“, соопшти кабинетот на турскиот претседател, зборувајќи за „целосна соработка“ на државите во борбата против тероризмот.

Седумте точки од договорот

Ердоган денеска ги објави 7-те точки од договорот потпишан со Шведска и Финска.

1. Финска и Шведска нема да даваат поддршка за ПКК и Фето, а Турција за возврат ќе им даде целосна поддршка на земјите во борбата против заканите врз нивната национална безбедност. Финска и Шведска се согласија најостро да го осудат тероризмот во сите негови форми и манифестации.

2. Финска и Шведска се обврзаа да потврдат дека ПКК е забранета терористичка организација и се обврзаа да ги спречат активностите на групата и сите други терористички субјекти, како и активностите на поединци во групи или мрежи поврзани со тие терористички организации.

3. Финска истакна неколку неодамнешни измени на својот кривичен закон, со кои е проширен опсегот на казнивите терористички злосторства, од кои последниот стапи во сила на 1 јануари 2022 година. Шведска, од своја страна, потврди дека од 1 јули ќе стапи во сила нов, построг закон за кривични дела тероризам и дека владата се подготвува дополнително да го заостри законодавството за борба против тероризмот.

4. Турција, Финска и Шведска потврдија дека меѓу нив повеќе не постои национално ембарго за оружје. Шведска ја менува својата национална регулаторна рамка за извоз на оружје во однос на сојузниците во НАТО.

5. Турција, Финска и Шведска се обврзаа на следните конкретни чекори:

Трите земји се согласија да воспостават заеднички, структуриран механизам за дијалог и соработка на сите нивоа на власта. Финска и Шведска ќе се борат против тероризмот одлучно и во согласност со одредбите на релевантните документи и политики на НАТО, обврзувајќи се да ги преземат сите неопходни чекори за дополнително заострување на домашното законодавство за таа цел.

Финска и Шведска навремено и темелно ќе ги решаваат барањата на Турција за депортација или екстрадиција на осомничени за тероризам, земајќи ги предвид информациите, доказите и разузнавачките информации дадени од Анкара. Финска и Шведска ќе ги истражат и ќе ги забранат сите активности за финансирање и регрутирање на ПКК и сите други терористички организации и нивно проширување, како и филијали или инспирирани групи или мрежи.

Турција, Финска и Шведска се обврзаа дека ќе се борат против дезинформациите и ќе ја спречуваат злоупотребата на своите домашни закони во корист или за промовирање на терористички организации, вклучително и активности што поттикнуваат насилство против Турција. Финска и Шведска ќе се погрижат нивните соодветни национални регулаторни рамки за извоз на оружје да овозможуваат нови обврски кон сојузниците и да го одразуваат нивниот статус како членки на НАТО.

6. За спроведување на овие чекори, Турција, Финска и Шведска ќе воспостават постојан заеднички механизам, со учество на експерти од министерствата за надворешни работи, внатрешни работи и правда, како и разузнавачки служби и безбедносни институции.

7. Турција, исто така, ја потврди својата долгогодишна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО, согласувајќи се да ја поддржи поканата на Финска и Шведска да станат членки на НАТО на Самитот во Мадрид во 2022 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе