Ердоган: Европејците „ќе ги вратеа гасните комори ако не беа посрамени“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно ја спореди Европа со нацистичка Германија кажувајќи дека „би ги оживеале гасните комори“ доколку не биле засрамени. Тој ја нападна и лично германската канцеларка Ангела Меркел, обвинувајќи ја за „нацистички постапки“, пренесува Раша тудеј.

„Балот под маски“ на Европа е завршен, кажа Ердоган на митинг во Истанбул, во рамки на неговата кампања за поддршка на референдумот за зголемување на неговите овластувања.

Тврдејќи дека „борбата“ против неговата земја достигнала ново ниво, Ердоган им се нафрли на европските нации, особено Германија и Холандија, за нивните „нацистички регулативи“ откривајќи ја „ омразата насобрана низ годините против Турција, турската нација па дури и против сите муслимани преку ТВ екраните и насловите во весниците секој ден“.

„Доколку не беа засрамени, тие ќе ги вратеа гасните комори“, кажа турскиот претседател, а пренесува весникот Хуриет.

Ердоган потоа ѝ се нафрли на германската канцечарка Меркел. „Кога ги викаме нацисти, на нив (европските политичари) им станува непријатно. Тие се поддржуваат во знак на солидарност. Особено Меркел“, кажа Ердоган. „Таа сега ја поддржува Холандија. Кон кого се однесувате како нацисти? Кон моите турски браќа и сестри во Германија“.

Турскиот претседател тврди дека актуелната политика на европските држави се базира врз стран од моќта на Турција. „Тие (европските држави) не ги кријат своите намери и не ја кријат нелагодноста што ја чувствуваат кон Турција, која станува сѐ посилна“, порача Ердоган.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе