Ердоган до Турците: Не купувајте француско

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците да ги бојкотираат француските производи додека трае спорот со Париз поради постапувањето со француските муслимани и по бројните протести и повици за бојкот во неколку земји на Блискиот исток.

Фото: ЕПА

„Како што некои во Франција велат ‘не купувајте турски производи’, јас на мојот народ му велам: Не гледајте француски производи, не ги купувајте“, рече Ердоган во говорот во Анкара.

„Против муслиманите се води кампања на линч слична на онаа против европските Евреи пред Втората светска војна“, додаде тој, обвинувајќи некои европски лидери за фашизам и нацизам.

Турскиот лидер му замери на својот француски колега Емануел Макрон што гарантираше дека Франција ќе продолжи да стои зад карикатурите на пророкот Мухамед, ветување што го даде за време на националното оддавање почит на професорот Самуел Пати, кој беше обезглавен за време на исламистички напад бидејќи ги прикажувал тие цртежи за време на час.

Овие изјави предизвикаа бран од критики од муслиманскиот свет, политичките и верските лидери, пратениците и граѓаните на социјалните мрежи и предизвикаа протести и повици за бојкот на француските производи.

Пред две недели, турскиот претседател ги нарече провокација изјавите на Макрон за „исламистички сепаратизам“ и потребата од „структурирање на исламот“ во Франција. Ердоган го доведе во прашање менталното здравје на Макрон и му предложи да оди на преглед, што го повтори за време на викендот.

Францускиот претседател доби голема поддршка во Европа, меѓу другите и од германската канцеларка Ангела Меркел, која ги осуди „клеветите“ против него.

Холандскиот премиер Марк Руте ги нарече изјавите на Ердоган „неприфатливи“. Холандија, заедно со Франција, одлучно ги брани заедничките вредности на Европската унија.

„За слобода на изразување и против екстремизам и радикализам“, напиша Руте на Твитер.

Во Катар, во саботата вечер француските производи биле отстранети од некои продавници во Доха.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе