Ердоган: Азербејџан мораше да ги земе работите во свои раце

Азербејџан беше принуден да ги преземе работите во свои раце како одговор на флагрантните ерменски напади, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган додека Азербејџан започна воена операција во окупираната област Нагорно-Карабах по повеќегодишна агресија од Ерменија.

Фото: ЕПА

Говорејќи на Меѓународниот симпозиум за поморско право и Источен Медитеран, Ердоган рече дека Азербејџан е жртва на насилство во последните три децении, додека меѓународната заедница не прави ништо додека Ерменија продолжува да напаѓа.

„Уште еднаш ја осудувам Ерменија за нападот врз азербејџанските земји. Време е да се стави крај на кризата што започна со окупацијата на Нагорно-Карабах“, рече Ердоган.

Тој истакна дека мирот ќе се врати во регионот ако Ерменија ги запре нападите против Азербејџан и ја напушти окупираната област Нагорно-Карабах.

Претседателот рече дека неодамнешните случувања им даваат можност на сите земји во регионот да користат реални и фер методи за решение и дека Турција се надева дека тие најдобро ќе ја искористат оваа можност.

Најмалку 21 лице загинаа денес во вториот ден од жестоките судири околу Нагорно-Карабах, регион во Азербејџан со кој управуваат Ерменци.

Критикувајќи ја Минската група на ОБСЕ - која ги вклучува САД, Русија и Франција - дека не нашле решение за проблемот стар три децении, Ердоган рече дека нивната иницијатива била неефикасна.

„Тие речиси направија сè што е можно за да не се реши проблемот и сега даваат совети и повремено се закануваат“, рече Ердоган.

Истакнувајќи дека меѓународната заедница избра да молчи и покрај тоа што го признаваат фактот дека Нагорно-Карабах е окупиран од Ерменија, Ердоган рече дека ниту една земја не го смета Ереван за одговорен за своето злосторство, поради што се раселени над милион луѓе во оваа област.

„Азербејџан мораше да ги преземе работите во свои раце, сакал или не“, рече Ердоган.

„Турција ќе продолжи да го поддржува Азербејџан со сите свои ресурси и срце“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе