ЕП усвои резолуција: Договорот меѓу Србија и Косово треба да се „заснова на заемно признавање“

Европскиот парламент (ЕП) усвои резолуција во која се наведува дека конечниот договор меѓу Србија и Косово треба да се „заснова на заемно признавање“, јавува Радио Слободна Европа.

Фото: ЕПА

Ова е првпат во официјален документ на европска институција да се споменува меѓусебно признавање.

Пет земји-членки на Европската Унија не ја признаваат независноста на Косово, а ЕП е единствената институција што го третира Косово како држава. Резолуциите на ЕП инаку не се правно обврзувачки за земјите-членки на ЕУ.

За оваа резолуција гласаа 233 пратеници, 78 беа против, а 34 беа воздржани.

Со усвоената резолуција, европратениците ги повикуваат властите во Србија „да покажат вистинска посветеност на вредностите на ЕУ и да се усогласат со одлуките и позициите на ЕУ во надворешната политика и безбедносните политики, вклучително и санкциите против Русија“.

Европскиот парламент со резолуцијата ги повикува српските власти да дејствуваат против величењето на осудените воени злосторници и да прекинат со секоја реторика и дејствија што го поткопуваат интегритетот на соседните земји и ја загрозуваат регионалната стабилност и помирување.

Се жали за континуираниот притисок врз судството и јавното негирање на меѓународните пресуди за воени злосторства и се повикува новоизбраното мнозинство да ги зајакне гаранциите за независноста и ефикасноста на судството како приоритет.

Белградските власти се потсетуваат дека напредокот во дијалогот за нормализација на односите со Косово ќе го одреди темпото на пристапните преговори.

Се повторува поддршката за дијалогот меѓу Белград и Приштина и важноста на конструктивниот ангажман на српските и косовските власти со цел да се постигне сеопфатен правнообврзувачки договор за нормализација, кој е од клучно значење за двете земји да напредуваат на нивните европски патишта.

Исто така, се повикува на почитување и целосно спроведување на сите претходни договори, вклучително и Заедницата на српските општини на Косово.

Во нацрт-резолуцијата посебен простор им е посветен на состојбите во медиумите. Во него се изразува жалење за ограничената слобода на медиумите и „злоупотребата на медиумите за стекнување на неправедна политичка предност“, како и нападите врз политичките противници и ширењето на дезинформации.

Во текстот на нацртот се наведува дека европските пратеници се „длабоко загрижени“ поради ширењето дезинформации за руската агресија врз Украина, па затоа ги повикуваат српските власти и Европската комисија да ја поддржат инфраструктурата за борба против дезинформациите и другите хибридни закани.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе