Молнупиравир

ЕМА проценува орален лек за короната

Американскиот производител на лекови Мерк објави дека европската регулаторна агенција ЕМА започнала со проценка на експерименталниот лек на компанијата против коронавирус.

Фото: ЕПА

ЕМА ја започна првата континуирана евалуација на податоците за лекот, што значи дека ќе ги процени податоците веднаш штом ќе станат достапни, наместо да чека формална апликација откако ќе се соберат сите податоци. Студиите на Мерк покажуваат дека лекот молнупиравир ги намалува хоспитализациите и смртните случаи од коронавирус за околу 50 проценти.

Мерк, кој го развива молнупиравир со партнерот Риџбек Бајотерапјутикс поднесе барање до американскиот регулатор на 11 октомври за итна употреба на лекот. Група надворешни советници на американскиот здравствен регулатор ќе се состанат кон крајот на ноември за да разговараат за одобрување на експерименталниот антивирусен лек.

Молнупиравир, доколку биде одобрен од регулаторните власти, ќе биде прв лек против короната кој се администрира орално, а исто така и првиот третман за лица со благи симптоми, додека постоечките лекови главно се користат за лекување на критично болни.

Мерк има договор со САД за продажба на лекови доволни за 1,7 милиони луѓе, а еден третман со Мерк чини 700 долари. Мерк, исто така, неодамна потпиша договори со Велика Британија, Малезија, Сингапур и други земји.

Официјален претставник на ЕУ за Ројтерс претходно овој месец изјави дека Унијата исто така размислува да потпише договор со Мерк, но тоа ќе го стори само откако компанијата ќе побара одобрение за својот лек.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе