Елитни британски специјалци во Киев обучуваат украински војници

Припадници на Специјалната воздушна служба (САС), елитна единица на британските специјални сили, обучуваат украински војници во Киев, објави британски Тајмс.

Фото: ЕПА

Тие ги учат како да ги користат британските рачни противтенковски проектили НЛАВ (нова генерација лесно противтенковско оружје). Ова е првпат од почетокот на руската инвазија, припадниците на британската армија во Украина да ги обучуваат своите украински колеги, пишува Тајмс.

Двајца украински офицери од различни баталјони, стационирани во и околу Киев, потврдија за Тајмс дека британските специјални сили ги обучувале украинските сили во два наврати во последните 14 дена.

Припадници на британската војска се присутни во Украина од руската анексија на Крим во 2014 година, но се повлекоа во февруари, кога стана веројатно дека рускиот претседател Путин ќе нареди напад врз Украина. Извештаите за британските специјални сили кои тренираат Украинци доаѓаат во време кога Русија предупредува дека мешањето на Западот во конфликтот, што се однесува на испраќање оружје во Украина и обука на украински војници, може да значи ширење на конфликтот.

Обединетото Кралство испрати повеќе од 3.600 модерни рачни противтенковски проектили НЛАВ во Украина од февруари.

Британското Министерство за одбрана во одговорот за Тајмс напиша дека нема да ги коментира тие извештаи во согласност со долгогодишната практика и политика на британската влада да не ги коментира активностите на специјалните сили.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе