Елиминација за 30 секунди: руски специјалци уништуваат терористи (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Русија објави снимка на која се гледа како припадници на руските Сили за специјални операции (ССО) ликвидираат терористи.

На снимката, која трае 30 секунди, се прикажани кадри во кои борците на ССО елиминираат терористи со снајперски пушки (видеото е снимено со помош на уред за ноќно набљудување), а во гранатирање уништуваат и возило на терористите, пренесува Спутник.

Каде, кога и во кои услови е направена снимката не е објавено.

Во Русија на 27 февруари се одбележува Денот на ССО. Празникот е утврден со претседателски указ од 26 февруари 2015 година.

Руските Сили за специјални операции постојат седум години, а 11 војници од таа воена единица го добиле највисокото државно признание – звањето Херој на Руската Федерација.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе