Експлозија на пазар во северниот дел на Сирија, најмалку 15 лица загинаа

Во ракетен напад во северна Сирија на пазар во градот Ал-Баб, кој го држат опозициските борци поддржани од Турција, загинаа најмалку 15 луѓе, а десетици беа ранети, соопштија воените набљудувачи и службите за итни случаи.

Фото:Скриншот

Нападот на градот се случи неколку дена откако во турски воздушен напад загинаа најмалку 11 сириски војници и курдски борци поддржани од САД.

Сириската опсерваторија за човекови права, опозициски воен набљудувач, ги обвини сириските владини сили за гранатирањето, велејќи дека тоа е одмазда за турскиот воздушен напад. Од опсерваторијата навеле дека меѓу загинатите во денешната експлозија има три деца, а ранети се повеќе од 30 лица. Сириските демократски сили поддржани од САД и предводени од Курдите, рекоа дека целта не им бил Ал Баб. Турција започна три големи прекугранични операции во Сирија од 2016 година и контролира одредени територии на северот на земјата.

Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад ја вратија контролата над поголемиот дел од земјата во изминатите неколку години со помош на сојузниците Русија и Иран.

Легенда под Главна слика

Фото:Скриншот

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе