ТУРСКИОТ ГЛАВЕН ГРАД

Експлозија го стресе центарот на Анкара, има „многу мртви“ (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва во центарот на Анкара одекна експлозија, во која се убиени и ранети голем број лица. Според првичните процени, во експлозијата загинале 27 луѓе, а 75 се повредени, соопшти гувернерот на турскиот главен град.

Висок официјален безбедносен претставник за Ројтерс изјави дека експлозијата се случила во близина на паркот Гувен во центарот на градот.

Причината за експлозијата засега е непозната, додаде тој.

На снимка од безбедносните камери објавена на Јутјуб наводно се гледа моментот на експлозијата. Во видеото може да се видат неколку автобуси, пред еден автомобил да забави во нивна близина и тогаш се гледа огромната експлозија.

Експлозијата се чини дека е предизвикана од автомобил што експлодирал во близина на автобуската станица, рече турската телевизија ТРТ. Гувен парк води кон главниот транспортен центар.

По експлозијата се слуша и огнено оружје, соопшти Ројтерс.

На местото на настанот може да се видат амбулантни возила, додека официјалните безбедносни лица за Ројтерс рекле дека има жртви, убиени и повредени.

Најмалку пет лица загинаа, објави турската новинска агенција Доган.

Турската радиотелевизија НТВ објави дека има „многу загинати“.

На сликите што се појавија на социјалните медиуми се гледаат последиците од експлозијата. На некои од нив може да се види голем пожар, како и голем облак од чад, а се слушаат сирени на амбулантни возила, како и вресоци на луѓе.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе