Експерти: Израел можеби никогаш нема да може да достигне колективен имунитет

Израел можеби никогаш нема да може да постигне колективен имунитет бидејќи во таа земја живеат 2,5 милиони деца, кои не можат да се вакцинираат.

Фото: ЕПА

„Во овој момент, кога имаме 2,5 милиони деца, кои не можат да се вакцинираат, веројатно нема да постигнеме колективен имунитет, дури и ако се вакцинира целото население што може“, рече началничката на јавната здравствена служба, Шерон Алрој-Преис.

Колективниот имунитет, или имунитетот на стадо, се постигнува кога заболеното лице може да зарази помалку луѓе затоа што тие се имунизирани, објасни шефот на иновации во здравствената служба Клалит и претседател на Националниот советодавен совет за ковид-19 во израелската влада, Рон Балицер.

„Ако бројот на лицата што може да бидат заразени е три и ако двајца од три се имуни, тоа значи дека сме постигнале колективен имунитет и дека болеста нема да се шири“, објасни Балицер за израелските медиуми.

Синоќа, Алрој Преис во израелскиот парламент Кнесет ги презентираше своите процени, на денот кога во Израел почна постепено укинување на мерките по 40 дена блокада поради епидемијата на коронавирусот.

Таа рече дека мерките функционирале и дека стапката на репродукција паднала од 1,3 на 0,99.

Во неделата беа укинати ограничувањата на движењето на километар од местото на живеење и беа отворени националните паркови, археолошките локалитети, рестораните што нудат стоки и храна за носење, како и компаниите што не работат директно со клиенти.

Децата помлади од 16 години сочинуваат 30 проценти од 9,3 милиони жители на Израел и не може да се вакцинираат.

Исто така, има многу луѓе што одбиваат имунизација и луѓе што сè уште може да се заразат затоа што вакцината не обезбедува 100% заштита, според израелските медиуми.

Покрај тоа, се покажа дека луѓето што имале ковид-19 може повторно да се разболат.

Во Израел, 637 лица беа заразени двапати по три или повеќе месеци, изјави Министерството за здравство.

„Ако мислевме дека по првото вбризгување на вакцината сè ќе биде поинаку, нема да биде“, рече Алрој-Прајс, додавајќи дека според најновите податоци, постојат соеви што вторпат ги заразуваат луѓето.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе