Егзодус од Париз – колони долги дури 800 километри (ВИДЕО)

Само неколку часа пред стапувањето на сила на новиот карантин во цела Франција забележани се невидени гужви на улиците.

EPA-EFE

Колоните биле долги вкупно 800 километри во регионот Ил д Франс во четвртокот вечерта, јавија речиси сите француски медиуми.

Вториот француски карантин стапи на сила денес, а целта е сузбивање на ширењето на коронавирусот. Новите мерки ќе траат најмалку до 2 декември, а во тој период на сите кои сакаат да излезат од своите домови ќе им реба специјална причина.

Француските медиуми јавуваат дека голем број жители на Париз го напуштиле градот и своите станови, за затворањето на градот да го поминат некаде во природа. Сите побрзале да го напуштат градот пред 21 часот синоќа.

Слични гужви биле забележани на перифериите на некои други големи градови како Лион и Бордо, а сѐ потсетува на егзодусот на улиците на Париз во март пред првото затворање на градовите.

Француската влада вчера објави листа на нови мерки за сузбивање на ширењето на ковид-19, меѓу кои и забрана за излегување од домовите освен во најнужни случаи и задолжително работење од дома.

Училиштата за разлика од пролетта кога беа затворени сите образовни установи, ќе останат отворени.

Франција вчера објави дека во последните 24 часа имала 47.637 новозаразени. Во неделата имаа рекордни 52.010 нови случаи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе