ВО СРЦЕТО НА ПАРИЗ

Еден полицаец убиен, друг ранет во престрелка на Шанзелизе (ВИДЕО)

Еден полицаец е убиен во оружена престрелка на Шанзелизе во Париз, јавуваат светските агенции.

Лицето што пукало во полицаецот е убиено, јави Ројтерс.

Полицијата ги предупредува парижани да ја избегнуваат областа на Шанзелизе.

„Во тек е полициска интервенција во областа на Шанзелизе, избегнувајте го тој дел и следете ги инструкциите на полициските сили“, напиша француската полиција на Твитер.

Француските медиуми јавуваат дека двајца полицајци се застрелани, а најмалку еден е мртов.

Пукањето се случило на централниот булевар на Шанзелизе, кој сега е затворен.

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе

На заштитата на животната средина треба да се гледа како на животно важен дел од управувањето на државата.

повеќе