91-годишен пензионер

Еден од првите Британци што ја примија вакцината: Нема смисла да умрам сега кога толку живеев (ВИДЕО)

Британски пензионер за британските медиуми опиша како му течел денот кога ја примил вакцината за коронавирусот.

Screenshot

Жителот на Лондон, 91-годишниот Мартин Кенјон кажа дека прво се јавил во болницата и одговорил на прашања за тоа дали воопшто може да ја прими вакцината, на што му кажале да дојде во 12:30.

Се пожали дека немал каде да паркира.

„Не можев никаде да најдам паркинг па задоцнив. И ништо, влегов внатре и уредно ме ставија на список. Потоа многу лошо ручав, а потоа се вратив и ја примив вакцината. Не болеше воопшто, не ни знаев дека влегла иглата додека не излезе“, кажа Кенјон.

Се надева дека сега нема да го собере, како што кажа, „проклетиот вирус“ и додаде дека со нетрпение очекува да ги прегрне своето семејство и внуките.

„Не планирам да се заразам со коронавирусот. Па, нема смисла да умрам сега кога толку долго живеев“, заклучи Кенјон.

91-годишниот Британец со своето искрено интервју ги освои социјалните мрежи.

Масовното вакцинирање во Британија почна вчера, а 90-годишната Маргарет Кинан стана првата личност во светот која ја прими вакцината на Бајонтек и Фајзер по тестната фаза.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе