Осуден на 15 години затвор

Еден обвинет за убиството на малтешката новинарка ја призна вината (ВИДЕО)

Еден од тројцата обвинети за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година денес ја призна вината.

EPA-EFE

Вината ја призна Винсент Мускат кој за убиството на новинарката е обвинет заедно со браќата Алфред и Џорџ Деџорџо.

Дафне Каруана Галиција, истражувачката новинарка опишувана како „Викиликс во една соба“, беше убиена со бомба поставена под нејзиниот автомобил во октомври 2017 година.

Мускат и браќата Деџорџо се осомничени дека ја направиле и поставиле бомбата под автомобилот на новинарката.

Четвртото лице поврзано со тоа убиство е Јорген Фенеш, бизнисменот уапсен во 2019 година.

Јорген Фенеш е хотелиер, директор и косопственик на Електрогас, енергетска компанија на Малта на која во 2013 година државата ѝ доделила изградба на електроцентрала во вредност од неколку милиони евра.

Осум месеци пред смртта, новинарката пишуваше за една компанија која ги подмитува малтешките политичари, а со новинарската истрага по нејзината смрт беше утврдено дека компанијата е на Фенеш.

Апсењето на Фенеш доведе до оставки на неколку члена на тогашната влада. Оставки тогаш поднесоа премиерот Џозеф Мускат и министерот за туризам.

Дента кога беше убиена, Дафне Каруана Галиција се одвезла до банка за да ја врати контролата врз сметката која ѝ била замрзната на владата.

Тукушто наполни 53 години и се наоѓаше на врвот на 30-годишната новинарска кариера.

Под нејзиниот автомобил бил поставен половина килограм експлозив ТНТ и бомбата била далечински активирана.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе