Џонсон одбива да дозволи функцијата да ја преземе преоден премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон ги одбива повиците власта да ја преземе преоден премиер, еден ден откако најави дека ќе се повлече од функцијата шеф на владата поради многубројните скандали.

Фото: ЕПА

Сѐ повеќе високи функционери од неговата Конзервативна партија го повикуваат Џонсон веднаш да се повлече од премиерската функција и да не чека избор на нов партиски лидер.

И поранешниот премиер Џон Мејџор е меѓу оние што бараат заменикот на Џонсон Доминик Рааб да стане преоден премиер.

Но Даунинг стрит вчера објави дека Џонсон нема да замине пред изборот на нов лидер на конзервативците. „Премиерот дејствува во рамките на законот“, рече портпаролот на Џонсон.

„Тој останува премиер до изборот на нов партиски лидер и владата продолжува да работи до тој момент“, додаде тој.

Некои пратеници стравуваат дека летово ќе дојде до хаос доколку Џонсон остане на Даунинг стрит додека да се одржи изборот на нов партиски лидер, што може да потрае со недели или месеци.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе