Џонсон ненадејно дојде во Киев, Зеленски го одликува

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера ненајавено пристигна во Украина, која го славеше Денот на независноста точно шест месеци по почетокот на руската инвазија.

Фото: ЕПА

„Ова е трета посета на Борис Џонсон на Украина од почетокот на руската инвазија. Немаат сите земји среќа да имаат таков пријател“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски при приемот на високиот гостин.

Зеленски му врачи на Џонсон Орден на слободата, највисоката почест на Украина што може да му се додели на странски државјанин.

„Украинците имаат силна желба да се бранат. И тоа е она што (Владимир) Путин не го разбира“, изјави Борис Џонсон за новинарите.

„Вие го браните своето право да живеете во мир и слобода и затоа Украина ќе победи“, додаде тој, најавувајќи нова воена помош за Киев вредна 64 милиони евра.

„Она што се случува во Украина нè засегнува сите нас. Затоа јас сум денеска во Киев. Затоа Велика Британија ќе продолжи да стои на страната на нашите украински пријатели“, објави на Твитер Џонсон, кој ќе ја напушти функцијата за помалку од две недели.

Џонсон е меѓу западните политичари што на Украина ѝ дадоа најголема поддршка во конфликтот со Русија.

На 9 април тој пристигна во Украина како прв лидер на земја од Г7 од почетокот на војната. Оттогаш, Лондон му дава на Киев особено силна воена помош.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе