Британскиот премиер

Џонсон ќе се соочи со гласање за доверба

Британскиот премиер Борис Џонсон денес ќе се соочи со гласање за доверба од страна на пратениците на владејачката Конзервативна партија, им кажа на пратениците претседавачот на Комитетот 1922 Греам Брејди, пренсува Ројтерс.

EPA-EFE

„Надминат е прагот од 15 отсто од пратениците на парламентарната партија кои бараат гласање за доверба на лидерот на Конзервативната партија“, порача тој.

„Во согласност со правилата, гласањето ќе биде одржано меѓу 18.00 и 20.00 во понеделник, 6 јуни, а деталите ќе бидат потврдени. Гласовите ќе се пребројат веднаш потоа. Соопштението ќе биде објавено во догледно време“.

На гласање за доверба се пристапува ако најмалку 54 пратеници на „ториевците“ тоа го побараат.

Доколку Џонсон изгуби во гласањето во кое учествуваат 359 пратеници на Конзервативната партија, тој ќе биде сменет како лидер на таа партија и премиер. Ако победи, ќе биде безбеден од некое ново гласање за доверба една година.

Џонсон со месеци е во центарот на етички скандали, најмногу поради забавите кои биле одржување во зградите на владата додека на сила бил карантинот поради ковид.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас кажа дека го поддржува Џонсон во гласањето за доверба.

„Премиерот ја има мојата стоотстотна поддршка на денешното гласање и силно ги охрабрувам колегите да го поддржат“, напиша Трас на Твитер.

„Тој пружи поддршка во заздравувањето од ковид и ја поддржа Украина соочена со руска агресија. Се извини за направените грешки. Сега мора да се фокусираме на економскиот раст“, порача таа.

Трас се смета за потенцијална наследничка на Џонсон, пишува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе