Во својот говор Џонсон истакна дека и Британците, како Украинците, инстинктивно „ја одбраа слободата“ и како пример го посочи референдумот за брегзитот од 2016 година.
Неговиот коментар наиде на критики од политичарите во Британија и Европа.
Поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск го нарече коментарот на Џонсон навредлив.
Политичар од редовите на Конзервативната партија на Џонсон истакна дека гласањето на референдумот никако не може да се спореди со ризикот од губење на животот во конфликт, додека лидерот на Либералните демократи Ед Дејви смета дека Џонсон ги навреди Украинците.