Џонсон ги повика Британците да работат од дома, се најавува експоненцијален раст на смртностa

Британскиот премиер Борис Џонсон во вторник ќе ги повика граѓаните да работат од дома и да се воведат нови ограничувања на пабовите, баровите и рестораните во обид да се запре забрзаниот втор бран на ширење на заразата.

Фото: ЕПА

Во обраќањето до парламентот во 13:30 часот, а потоа и до јавноста во 21 часот, Џонсон ќе воведе малку поблаг карантин од тој што беше во март.

„Знаеме дека нема да биде лесно, но треба да преземеме дополнителни мерки за да го контролираме повторното ширење на заразата и да го заштитиме државниот здравствен систем“, ќе рече Џонсон, според делови од говорот објавен од неговата канцеларија на Даунинг стрит.

Мерките следат откако водечките здравствени експерти во понеделникот предупредија дека Велика Британија ќе се соочи со експоненцијално зголемена стапка на смртност во рок од неколку недели, доколку не се преземат итни мерки.

Новите случаи на ковид-19 во Велика Британија се зголемуваат најмалку за 6.000 дневно, според податоците од минатата недела, приемите во болницата се удвојуваат на секои осум дена и системот за тестирање се распаѓа.

Само неколку недели откако ги повика граѓаните да почнат да се враќаат на работа, Џонсон ќе ги советува да работат од дома, ако можат.

Исто така, ќе нареди сите пабови, барови, ресторани и други угостителски објекти ширум Англија од четврток да затвораат во 22 часот.

„Една од работите што ќе ја нагласиме е дека ако е можно да работат од дома, ќе ги охрабриме луѓето да го сторат тоа“, изјави Мајкл Гоув, министер на кабинетот, со цел да се намали социјалното мешање и да се забави ширењето на вирусот.

Иако милиони ширум Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска се веќе под некаква форма на ограничувања, не се очекува Џонсон да објави целосен карантин како оној во март.

„Знаеме дека нема да биде лесно, но треба да преземеме понатамошни чекори бидејќи Велика Британија ќе се соочи со експоненцијално зголемена стапка на смртност од ковид-19 ако владата итно не се ангажира“, изјавија главниот здравствен функционер Крис Вити и водечкиот стручен советник Патрик Валанс.

Обединетото Кралство веќе има најголем официјален број на жртви од ковид-19 во Европа и петти во светот и позајмува рекордни износи за да ја заживее економијата.

Гоув, еден од врвните министри на Џонсон, рече дека има многу работи што не можат да се вршат од дома, во области од производството и градежништвото до малопродажбата.

„Очигледно е дека треба да ја балансираме потребата да се осигураме луѓето да можат да продолжат да работат и навистина - критички - да продолжат да одат на училиште и да имаат корист од образованието, со преземање мерки за намалување на вирусот, што е причина поради која, ако можеме да го ограничиме или соодветно да го намалиме социјалниот контакт, тоа е она што се обидуваме да го направиме“, рече тој.

„Почнува вториот карантин“, порача на насловната страна Дејли телеграф, додека Дејли меил напиша: „Велика Британија во рикверц“.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан рече дека се договорил со лидерите на локалните совети и експерти за јавно здравје за мерките против ковид-19 кои ќе бидат проследени до централните власти во обид да се сузбие заразата во главниот град.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе