Џонсон: Дали и утре ќе бидам премиер? Се разбира

Британскиот премиер Борис Џонсон им пркоси на зачестените повици за оставка поради бранот министерски оставки во неговата влада и тврди дека не би било „одговорно“ тој да ја напушти премиерската функција поради итните домашни прашања и војната во Украина.

Фото: ЕПА

На прашањето на член на советот дали и утре ќе биде премиер, Џонсон кратко одговори: „Се разбира“, пренесува Ројтерс.

Како што рече, моментално „ги гледа проблемите со кои се соочува Велика Британија и ја гледа најголемата војна во Европа во последните 80 години“.

„И не можам да видам како е одговорно едноставно да си заминам“, додаде Џонсон во говорот пред парламентот.

Би-би-си објави дека најмалку 30 министри и помошници ја напуштиле владата на Џонсон, вклучувајќи го и шефот на Министерството за финансии Риши Сунак и министерот за здравство Саџид Џавид.

Оставките дојдоа откако Џонсон се извини за, како што рече, грешка што не сфатил дека поранешниот министер Крис Пинчер не е способен за владина работа, откако против него беа упатени обвинувања за сексуално недолично однесување.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе