Британскиот премиер

Џонсон би можел да се вакцинира пред камери, сака да докаже дека вакцината е безбедна

Британскиот премиер Борис Џонсон би можел да се вакцинира во живо на телевизија за да покаже дека вакцината против ковид-19 е безбедна, но нема да ја прими дозата пред оние на кои им е најпотребна, кажа неговата портпаролка.

EPA-EFE

56-годишниот Џонсон, кој мина некое време на интензивна нега кога му беше потврдена зараза со коронавирусот претходно годинава, го поздрави британското одобрување на вакцината на компанијата Фајзер како глобална победа и зрак надеж во пандемијата која ја оштети економијата и го отежна секојдневниот живот.

Но како останатите лидери, Џонсон не би требало да ја прими вакцината пред најранливите групи на луѓе. Меѓутоа, тој сака да покаже дека вакцината е безбедна и да се обиде да ги увери останатите да се вакцинираат штом тоа стане достапно за пошироката популација, пишува Ројтерс.

„Мислам дека тоа не е нешто што тој би го отфрлил“, кажа портпаролката на владата Алегра Стратон на прашањето дали на телевизија ќе се пренесува вакцинирањето на британскиот премиер.

„Но мислам дека исто така знаеме дека тој не би примил доза која би требало да биде за некој екстремно ранлив, клинички ранлив и некој кој требало да ја прими пред него“, додаде таа.

Џонсон кажа дека вакцинирањето ќе биде доброволно. Резултатите на анкетата на Југов покажуваат дека 20 отсто од Британците не се сосема уверени во безбедноста на вакцината. 66 отсто од нив ја поддржале идејата министерот за здравство Мет Хенкок да прими доза од вакцината во телевизиски пренос.

Британската влада објави дека предност при вакцинирањето ќе имаат корисниците на домовите за стари и нивните негуватели, потоа сите постари од 80 и здравствените работници на првата линија.

Џонсон отворено зборуваше за својата борба со ковид-19 во април и порача дека се борел за животот. Додаде дека неговата состојба се влошила и поради неговата тежина па од тогаш често ја спомнува својата борба со вишокот килограми. Стратон истакна дека британскиот премиер повеќе вежба откако го преболел коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе