Џинпинг: Кина и ЕУ да обезбедат стабилност во нестабилниот свет

Кина и Европската Унија треба да обезбедат стабилност во нестабилниот свет, оцени кинескиот претседател Си Џинпинг  кој преку видеоврска разговараше со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

EPA-EFE

Како што пренесува Кинеската медиумска група (ЦМГ), Си вчера истакна дека пред осум години, кога го посетил седиштето на ЕУ, предложил Кина да работи со Европа на изградба на мост на пријателство и соработка на евроазискиот континент.

Предложил и, како што наведе, создавање на партнерски односи засновани на мирот, растот и спроведувањето на реформите и почитувањето на цивилизациите, како и изградба на сеопфатни стратегиски односи на партнерство меѓу Кина и ЕУ кои имаат глобално влијание.

Оваа визија на кинеската страна досега не се сменила, а има повеќе од практично значење во актуелната глобална ситуација, се додава.

Си истакна дека од минатата година односите на двете страни оствариле нов развој среде предизвиците, а соработката на Кина и ЕУ постигнала нови резултати и покрај тешкотиите.

Фактите покажале дека Кина и ЕУ делат широки заеднички интереси и цврста основа за соработка. Само соработката и координацијата можат да ги решат проблемите и да бидат одговор на предизвиците, кажа Си, и додаде дека Кина одржува стабилна и кохерентна политика кон ЕУ.

Кинескиот претседател изрази надеж дека ЕУ ќе развие независно разбирање на Кина, ќе води независна политика кон Кина и ќе работи со Кина на заедничко промовирање на стабилноста и долгорочниот развој на односите на ЕУ и Кина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе