Џеб Буш: Меланија, земи му го телефонот на Трамп!

Џеб Буш во вторникот го изрази она што многу други Американци деновиве веројатно го мислат: дека Меланија Трамп треба му го одземе мобилниот телефон на новоизбраниот претседател за тој да може да се фокусира на водење на земјата.

Говорејќи на форум во Тексас, бившиот гувернер на Флорида и ривал на Трамп во Републиканската партија, Џеб Буш, рече дека се надева оти „Меланија ќе му го украде телефонот“ поради неговата навика да избувнува на Твитер доцна навечер и рано наутро, објави Хил.

Буш рече и дека се надева дека новоизбраниот претседател ќе биде успешен во својот мандат.

И други луѓе ја изразија загриженоста на Буш поради твитер-навиките на Трамп, меѓу кои и бившата државна секретарка Медлин Олбрајт, државниот секретар Џон Кери, како и повеќе функционери, а и самата Меланија во едно интервју во април рече дека би сакала нејзиниот сопруг помалку да твитува.

И членовите на тимот на Трамп наводно му го одзеле пристапот до Твитер на само еден ден пред изборите, надевајќи се дека ќе спречат какви било импулсивни забелешки.

Сепак, неодамна, идниот прес-секретар на Белата куќа Шон Спајсер, изјави дека Трамп како претседател ќе продолжи да го користи Твитер за да соопштува важни најави.

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе

Социјалните медиуми се алатка која овозможува двонасочна комуникација. Тоа е нивната предност,

повеќе