Двајца уапсени поради напад кај поранешната канцеларија на Шарли Ебдо. Полицијата: Тоа е тероризам (ВИДЕО)

Полицијата како терористички чин го третира нападот во Париз, во кој најмалку две лица беа прободени со нож во близина на поранешната канцеларија на сатиричното списание Шарли Ебдо. Магазинот бил нападнат од исламистички милитанти пред пет години.

Screenshot

Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено. Радио Инфо пренесува дека во притвор е уште еден осомничен.

Премиерот Жан Кастекс претходно изјави дека четири лица се прободени со нож, но полициски извор подоцна изјави дека станува збор за две лица, од кои едното е тешко повредено.

„Бев во канцеларијата. Слушнав вресоци на улица. Погледнав низ прозорецот и видов жена како лежи на земја. Видов друг сосед како лежи и притрчав на помош“, рече очевидец.

Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено кај операта Бастилја. Радио Европа 1 објави, повикувајќи се на полициски извори, дека е уапсен 18-годишен маж кој од претходно им бил познат на безбедносните служби. Еден полициски извор рекол дека на местото на настанот била пронајдена мачета, а друг изјавил дека станува збор за сатар.

Инцидентот го истражува противтерористичкиот оддел на обвинителството.

На 2 септември во Париз започна судскиот процес против 14 лица обвинети за учество во нападот на Шарли Ебдо во јануари 2015 година во кој беа убиени 12 лица. Судот соопшти дека мотивот за нападот е одмазда на списанието кое објави навредливи карикатури на пророкот Мухамед.

Полицијата претходно оваа недела го пресели шефот на човечки ресурси на Шарли Ебдо од неговиот дом откако добил закани со смрт.

Денешните телевизиски снимки покажуваат амбулантни возила, пожарникарски и полициски возила околу поранешните простории на Шарли Ебдо.

Локалните власти ги повикаа жителите да го избегнуваат североисточниот дел на Париз, каде се спроведува полициска акција. Париското метро ги суспендираше линиите во тој дел од градот, а децата на почетокот не можеле да излезат од училиштата, изјави градски службеник.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе