За финансии и здравство

Двајца министри на Борис Џонсон поднесоа оставки

Министрите за финансии и здравство Саџид Џавид и Риши Сунак поднесоа оставки од Владата на Велика Британија.

Фото: ЕПА

Како што пишува Ројтерс, тоа е нешто што изгледа како последен удар за премиерот Борис Џонсон, кој се обиде да се извини поради најновиот скандал поврзан со обвинувањата за претходно сексуално недолично однесување на еден од неговите министри.

Министерот за здравство Џавид ја објави својата оставка во соопштение, велејќи дека „веќе не може да продолжи со чиста совест“.

Неколку моменти подоцна и министерот за финансии Сунак објави дека поднесува оставка.

Оставките дојдоа откако Џонсон се извини за, како што рече, грешката што не сфатил дека поранешниот министер Крис Пинчер не е способен за работа во владата, откако против него беа поднесени обвиненија за недолично сексуално однесување.

„Во ретроспектива, тоа беше погрешна работа. Им се извинувам на сите што беа тешко погодени“, рече претходно Џонсон.

Обата министри претходно јавно го поддржаа Џонсон за време на повеќемесечниот скандал околу однесувањето на неговата администрација и информациите за забавите во неговата канцеларија и резиденција за време на карантинот поради ковид-19.

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија Кир Стармер рече дека е јасно дека со овие случки се урива владата на премиерот Борис Џонсон.

„По сите лигавења, скандали и неуспеси, јасно е дека оваа влада паѓа“, рече Стармер во соопштение.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе