Драматичен апел од германските научници: Политичари, итно сторете нешто

Германија со недели се бори со третиот бран на пандемијата на коронавирусот и досега може да се каже дека не ја добива таа битка. Ова го потврдуваат најновите драматични апели од водечките германски научници, Кристијан Карајанидис и Кристијан Дростен.

Фото: ЕПА

Според германските медиуми, веќе неколку недели сѐ повеќе и повеќе пациенти со ковид-19 се префрлаат на одделенијата за интензивна нега низ цела Германија, а слободни кревети има сѐ помалку.

„Ве молиме, конечно почнете да дејствувате“, драматично ги замоли германските власти на Твитер Кристијан Карајанидис, научен директор на регистарот за интензивна нега Диви.

Во апелот веднаш му се придружи и водечкиот германски вирусолог Кристијан Дростен, кој барањето на Карајанидис го опиша како „итен повик за помош“.

Во германските градови како Бон, Бремен и Келн речиси нема слободни кревети за пациентите што претрпеле тежок срцев удар или сообраќајна несреќа, но ни за пациентите заразени со коронавирусот.

„Почитувани политичари, колку уште треба да се зголемат бројките пред да одлучите конечно да реагирате?“, драматично праша Карајанидис на Твитер, што потоа го пренесоа голем број германски медиуми.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе