Доколку им забранат скијање, Австријците ќе бараат пари од ЕУ

Австрија остро реагираше на предлогот од Рим да се забрани скијање за Божиќ, па затоа официјална Виена најавува дека во случај на забрана ќе бара пари од ЕУ.

Министерот за финансии Гернот Блимел и министерката за туризам Елизабет Кестингер истакнаа дека доколку ЕУ воведе ваква забрана, тие ќе бидат принудени да побараат обесштетување.

Претседателот на Трговската комора на Австрија, Харалд Марер смета дека во Австрија нема никакви пречки за скијање.

„Не ја поддржувам иницијативата на Италија. Зимскиот одмор во Австрија ќе биде безбеден. Нашите туристички работници веќе го сменија сеопфатниот безбедносен концепт за скијачки одмор и како дел од тоа ги укинаа апре ски-забавите“, објасни Кестингер.

Таа истакна дека туризмот и угостителството не се одговорни за високата стапка на инфекција.

„Ако ЕУ размислува за такви ограничувања, тогаш ќе мора да се погрижи за надоместување на штетата предизвикана врз погодените“, рече Кестингер, потсетувајќи дека околу 700.000 работни места во Австрија се поврзани со туризмот и индустријата на забава.

Министерот Блимел вели дека затворањето на ски центрите значи трошок до две милијарди евра.

„Ако ЕУ навистина размислува за затворање, тогаш треба да плати за тоа“, рече тој.

Во исто време, Блимел предложи Брисел директно да ѝ ги пренесе парите на австриската држава, која потоа ќе ги распредели на погодените компании или ова да се реши преку намалување на придонесот на Австрија во касата на Унијата.

Во исто време, Марер истакна дека зимскиот туризам е особено важен извор на приходи.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе