62-годишниот Додик порача дека санкциите и намалувањето на финансирањето од страна на Европската Унија само го приморало да прифати понуди за инвестиции од Кина.
„Дури мислам дека тоа ми се допаѓа“, кажа Додик. Тој најави дека наскоро ќе се сретне со рускиот лидер.
„Кога одам кај Путин, нема барања. Тој само вели „што можам јас да помогнам?“. за што и да разговарам со него, никогаш не сум бил измамен. Не знам на што друго да ја засновам до довербата ако не на тоа. Во разговор со кинескиот лидер Си Џинпинг тој исто така би кажал „ако има нешто во што можам да помогнам, тука сум“, кажа Додик.
Истакна дека неговите планови не значат разбивање на БиХ, и дека и понатаму верува во Дејтонскиот мировен договор, но дека го узурпирал „неизбраниот странски фактор“ кој преку позицијата на високиот претставник во БиХ наметнал околу 140 закони, без демократски мандат.
„Сите неволји тука ги направија четворица неизбрани странци. Високите претставници и тројца судии (именувани од страна на Европскиот суд за човекови права), странци, кои се наоѓаат во Уставниот суд. Тие се однесуваат како координиран злосторнички потфат против уставното уредување“, изјави Додик.
Српскиот член на Претседателството на БиХ порача дека нема да потклекне ни пред навестувањето на Германија за воведување финансиски санкции против него, како ни пред критиките на Лондон, Вашингтон и Брисел.
„Нормално, не сум рамнодушен, но не сум избран да бидат кукавица“, изјави тој за Гардијан од својот кабинет во Бања Лука.
Плановите за враќање на надлежностите на Република Српска во повеќе области ќе бидат на дневниот ред на седница на парламентот на Република Српска на 10 декември, а Додик ја истакна решеноста тоа да го спроведе во дело по уште еден период преговори во траење од шест месеци.
Тој порача дека ќе предложи намалување на сегашната национална армија на БиХ на половина.
„Ако не го сакате тоа, нема да имаме друг избор освен да усвоиме, во согласност со уставот на БиХ, формирање на војска на Република Српска, или Република Српска да ја прогласиме за демилитаризирана република“, изјави Додик за Гардијан.