Државата ја нарече неуспех на Западот

Додик: Србите се трајно незадоволни од положбата во БиХ

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави вечерва дека таа земја претставува неуспех на Западот и дека Србите се трајно незадоволни од положбата во неа.

EPA-EFE

„Ние сме трајно незадоволни од положбата во БиХ. Ние кажавме дека ќе ја повлечеме согласноста за укинување на војската на Република Српска, која претходно беше исфорсирана со примена на политичка сила. Ќе кажеме: имаме шест месеци, можеме да се договориме, преполовете го бројот на војската на БиХ, преполовете ги трошоците, но воениот имот мора да биде решен, а не да биде блокиран веќе 20 години“, кажа Додик.

Додик, лидерот на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи во РС, кажа дека „продолжува сатанизацијата“ на Србите и нивните лидери, насочена кон намалување на ингеренциите на тој ентитет во БиХ.

Наведе дека општеството во БиХ е „длабоко поделено“ и дека таа земја во ништо не може да се споредува со Југославија.

„Ниту БиХ е сериозна земја како што беше Југославија, ниту е заедничка земја како што беше Југославија, ниту има заедничка војска“, додаде.

Коментирајќи ја изјавата на министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ дека тој ги блокира мирот и напредокот во БиХ и дека „гради берлински ѕид на ентитетските граници“, Додик кажа дека би било одлично да е „само едно лице проблемот“.

„Јас би сакал да сум толку можен и да можам сè да правам, но не сум. Јас сум експониран, но зад тој став дека го разурнаа Дејтонскиот договор стои значително мнозинство од нашето население во Република Српска“, наведе Додик.

Истакна дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган „е спремен да поддржи договор“ на сите народи во БиХ.

„Турција е моќна земја и Ердоган е моќен претседател. Јас него го информирав за ситуацијата, дека ние губиме овластувања, дека не е добро ни за Бошњаците да се прави атмосфера на поделби, и дека и Хрватите имаат забелешки“, кажа Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе