Додик: Србија повеќе да се вклучи во решавањето на проблемите во БиХ

Српскиот член на претседателството на БиХ Милорад Додик порача дека партијата СДА, со тврдењата дека Босна и Херцеговина ја дестабилизираат соседите Србија и Хрватска, порачува дека проблемот во БиХ се Србите и Хрватите, односно нивното постоење во БиХ воопшто.

EPA-EFE

„Сметам дека Србија би требало да се вклучи многу повеќе во решавање на проблемите во БиХ, бидејќи Србија е потписничка на Дејтонскиот мировен договор, што ѝ дава право да реагира за сите прашања кои се однесуваат на договорот. Барањето од западните земји, како гаранти на Дејтонскиот договор, да ги спроведат и поддржат реформите во БиХ е порака дека Србите и Хрватите не треба да се прашуваат за ништо и дека договор на муслиманите и западните држави е доволен“, истакна Додик.

Бошњачката партија СДА претходно соопшти дека Србија и Хрватска не го почитуваат Дејтонскиот мировен договор и дека ги помагаат „своите сателити“ во БиХ, како и дека поради тоа Западот треба да реагира.

Додик истакна дека СДА го занемарила фактот дека и Руската Федерација е гарант на договорот врз кој се заснова БиХ.

„Инсистирањето на јакнење на државните институции, како што ги нарекува СДА, и истовремено почитување на Дејтонскиот договор е шизофрената политика на оваа муслиманска партија која никогаш од 1995 не ја прифати новата политичка и уставна реалност во БиХ, што е главна пречка на функционирањето на БиХ каква што е воспоставена во 1995 година“, кажа Додик.

Тој истакна дека во Република Српска живеат околу 16 отсто граѓани кои не се Срби, додека во ФБиХ живеат околу 2 отсто Срби, што за него е јасен показател за безбедноста за повратниците и уживањето на нивните права.

„Што се однесува до прашањето на границата за Србите и Хрватите тука нема ништо спорно, но сопирачка во решавањето на тој проблем е кај муслиманите. СДА за почеток би требало да каже дека не ја гледа БиХ како муслиманска земја, дека го почитуваат словото на Дејтон, дека го уважуваат фактот дека Србите и Хрватите се исто така конститутивни народи, дека со тие народи ќе отворат чесен дијалог, а не да преговараат со меѓународната заедница и да им наметнуваат решенија на другите народи“, кажа тој.

Тој порача дека БиХ е возможна само ако функционира врз основа на Дејтонскиот договор и таа и таква БиХ ја прифаќа Република Српска.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе