Додик: Приказните за руското влијание врз Република Српска се бесмислени

Претседавачот и српски член на Претседателството на БиХ Милорад Додик порача дека приказните за руското влијание врз Република Српска се бесмислени и истакна дека РС од Русија добила само помош, а никогаш ултиматум или нешто друго.

EPA-EFE

Додик наведе дека едно од големите нешта во кои Русија ѝ помогнала на Република Српска е приватизацијата на рафинеријата на нафта во Брод која била уништена.

„Дури кога Русите ја купија и почнаа да го реконструираат генераторот видоа дека во него недостига платинестата глава вредна пет милиони долари. Тие за тоа не зборуваа. Јас за тоа првпат зборувам сега, но тие не се откажаа“, кажа Додик и истакна дека вработиле 2.000 работници и „го кренале Брод“, а потоа продолжиле да градат бензински пумпи, така што Српска сега има најквалитетно гориво.

Како особено важна Додик ја истакна упорноста која Русија ја покажува во спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор кој, како што кажа, „Српска го слави додека другите лелекаат“. Тој кажа дека секојдневно се водат тешки борби договорот да се одржи и одреден број луѓе во РС тоа не го разбираат, наведувајќи дека сите изминати години високи претставници се обидувале да ја намалат силата на Република Српска и повторно да градат „некаква БиХ“.

Додик истакна дека во БиХ не ја прифаќаат испружената рака на Србија и дека, кога им кажал дека раката е пружена, му кажале: „Да, пружена, но не мислиме дека тоа е добро“.

Додик кажа дека со години наназад постоеле обиди да се урне српскиот идентитет на просторот на БиХ и воопшто на просторот на поранешна Југославија, но во тоа не се успеало и дека значителен придонес во тоа имала Српската православна црква.

„Се вели дека постојат „босански“ Срби, „хрватски“ Срби. Тој обид територијално да се идентификуваат Србите е тежнеење да се згасне нивниот идентитет. Тоа датира од Османлиското царство. Да не смее никогаш да им се дозволи на Србите да станат најважниот фактор на Балканот“, кажа Додик.

Порача и дека светот не успеал да го сатанизира српскиот народ, колку и да сакал.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе