Додик во обраќањето до новинарите кажа дека побрзо ќе исчезне Босна и Херцеговина, отколку што ќе биде укината Република Српска, коментирајќи ја изјавата на лидерот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ дека, како што кажа, „наводно Џо Бајден ќе дојде тука нешто да израмни па ќе исчезнат ентитетите и кантоните“.
„Јас на пример, мислам дека пред тоа ќе исчезне БиХ и дека ќе остане РС, ќе биде држава, која има право на свое постоење“, кажа Додик.
Додаде дека смета дека Бајден е „згодна прилика да се сфати дека пред 25-30 години направиле грешка и дека тогаш требало да дозволат БиХ да се подели, да има три држави, Република Српска, Херцег Босна и Босна, и да се обидат да градат заедничко соседство кое сигурно би дало повеќе резултат отколку вака“.
Кажа дека сето тоа ќе се случи „со помош на Бајден, за кого мисли дека згрешил затоа што пред 30 години поддржал ваква Босна“.
„БиХ е жална земја, која нема никаква перспектива“, кажа Додик.