Додик побара од Изетбеговиќ да им се извини на Србите

Српскиот член и претседавач на Претседателството на БиХ Милорад Додик го повика вчера лидерот на Партијата за демократска акција Бакир Изетбеговиќ да му се извини на српскиот народ за изјавата дека Србите се лош народ.

EPA-EFE

„Го повикувам јасно да каже дека не мислел така и дека српскиот народ е подеднакво добар како и сите други народи. Доколку се извиниш, Србите можеби ќе ти простат, бидејќи на крајот покажавме дека сме таков народ“, кажа Додик.

„Велат дека нема лоши народи туку има само лоши раководства. Не сум сигурен. Бидејќи, тој (Милорад Додик) се додворува на еден голем број луѓе кои ја сакаат балканската политика...“, кажа Изетбеговиќ на Федералната телевизија.

На прашањето на водителката дали зборува за лош народ, тој одговори дека „гласачите кои него (Додик) го држат го сакаат неговото однесување“.

На констатацијата на водителката дека тоа се тешки зборови, лидерот на СДА кажа „нека се, тоа е така“.

Додик вчера кажа дека Србите нема да го навредуваат ни Изетбеговиќ, особено не Бошњаците, додавајќи дека изјавите на Изетбеговиќ се „расистички“ и дека ги трујат односите меѓу народите во Босна и Херцеговина.

„Тоа што го кажа не зборува за нас Србите, туку за Бакир Изетбеговиќ. Нашата најзначајна историска победа е формирањето на Република Српска и за нас е неприфатливо нејзиното постоење да се постави како проблем за БиХ“, истакна Додик.

„Во ситуација кога се бориме со пандемијата и други проблеми, Изетбеговиќ изјави за Србите дека се лош народ. Не е неочекувано, би било неочекувано некој Изетбеговиќ да мисли поинаку“, наведе Додик.

Според него, изјавите на лидерот на СДА се „разочарувачки и опасни“, додавајќи дека нема лоши народи, туку дека има лоши поединци во народите.

„Изетбеговиќ го напушти теренот на политичката борба и тргна на теренот на борба против Србите. Што кажа или сакал да каже преку таа изјава – дека целиот српски народ стои зад својот лидер обединети и ги поддржува ставовите кои го штитат тој народ? Ако сум јас тој лидер тогаш можам да се гордеам со таа изјава“, кажа Додик.

Кажа и дека за своја најважна задача ја смета заштитата на интересите на српскиот народ и дека тоа го прави енергично, борбено и дека нема да се откаже од „позиционирањето на српскиот народ како што заслужува“.

Според него, изјавата на Изетбеговиќ може да се третира како фактор на нестабилност, со цел предизвикување немири меѓу народите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе