Додик му пиша на Орбан: Нема биолошки да се обновиме со увоз на нехристијанска вера

Милорад Додик, членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, пред неколку дена му испратил писмо на премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Со писмото му ја честитал изборната победа и кажал дека победата на Орбан е „голема и за Србите и Република Српска“, пренесуваат босанските медиуми.

EPA-EFE

Додик во писмото изразил сложување со ставовите на унгарскиот премиер. Орбан своевремено забрани влез за мигрантите од Блискиот Исток во Унгарија, а Додик во писмото му порачал дека го поддржува таквиот потег и дека го смета за клучен за „иднината на христијаните“.

„Се сложувам со тебе дека Европа со одобрените емиграции работи и на укинување на својата биолошка иднина заснована на христијанските вредности и принципи... Унгарија препозна дека вистинскиот начин за биолошко обновување на нацијата е сопствениот засилен наталитет, а не увозот на луѓе од други подрачја, од други култури, цивилизации и нехристијанска вера. Република Српска ги препознава тие вредности како свои во границите на своите можности“, му напишал Додик на Орбан.

Тој истакнал дека му се восхитува на унгарскиот премиер бидејќи во срцето на Европа пружа отпор на западните ставови.

„Се восхитуваме на твојата храброст и решителност Унгарија да пружа поддршка на мултилатералните организации само во онаа мера во која тоа не му штети на унгарскиот народ и неговата иднина“, напиша тој.

„Благодарение на институциите на РС, БиХ не ѝ воведе санкции на Русија и не се стави на страната на Украина, колку и да сочувствуваме со маките на Украинците. Сметаме дека е најмудро и најхумано за нас да бидеме неутрални, да бидеме на страната на мирот, на дијалогот“, порачал Додик во писмото.

Додик на крајот на писмото го истакнал задоволството за тоа што Орбан на церемонијата на прогласувањето на новиот мандат кажа дека српскиот народ е пријателски.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе