Додик: Многу е реално Република Српска да биде самостојна

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека посакува Република Српска да стане самостојна, оценувајќи дека тоа е „многу реално“.

EPA-EFE

„Бошњаците можат да сонуваат што сакаат и тоа не е забрането. Меѓутоа, посакувам Република Српска да биде самостојна, што е многу реално. Верувам во реалноста која се вика Република Српска, а не верувам во имагинацијата наречена БиХ“, кажа Додик.

Тој кажа дека очекува САД и Европа заеднички да извршат дополнителен притисок врз БиХ, но дека ниедна одлука нема да може да биде донесена без локалните структури и легитимните претставници на народот.

Наведе дека „често може да се слушнат луѓе од САД, кои велат дека БиХ не е завршена работа, а дека границите се дефинитивни“.

„Како можете да кажете дека работата не е завршена, а дека границите се дефинитивни? Што е тогаш завршено? Сакате да нè турнете во гето во кое Сараево ќе одлучува за сè на штета на Србите. Тоа не е возможно“, кажа Додик.

Според него, политичката ситуација во БиХ е „кревка“, бидејќи Федерацијата БиХ не успева да формира влада уште од општите избори во 2018 година.

Но, „за разлика од Федерацијата БиХ, ситуацијата во Република Српска е стабилна“, оцени тој.

„Република Српска сè прави во согласност со демократските капацитети, што сериозно почна да пречи. РС е единствената самоодржлива во БиХ и, ако се тргнат странците, БиХ би пропаднала за 24 часа“, смета Додик.

Тој наведе дека БиХ имала најголем број милитанти на сириското боиште, на страната на Исламска држава, а „сега се поставува прашањето каде се тие милитанти. Западот сака да ги врати во БиХ, а со постоечките вахабистички заедници во БиХ имаме сериозен безбедносен проблем, а особено кога на тоа ќе се додадат емигрантите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе