Додик: Европскиот пат во БиХ стана целосно бесмислен по самитот во Брисел

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, вчера изјави дека по минатонеделниот самит во Брисел, европскиот пат во БиХ станал целосно бесмислен, наведувајќи дека треба да се редефинира и да се стави во реалните рамки на денешницата.

Фото: ЕПА

„Ние се договоривме за нешто, но сега тоа пропадна и нема никаква корист, ниту пак нешто значи. Тоа што се случи во Брисел е апсолутно мртва буква на хартија, бидејќи ветувањата што ги имавме во таа смисла не се ништо друго туку мртва буква на хартија“, изјави Додик на новинарите во Бјелина.

Тој му се заблагодари на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за поддршката и организирањето на неодамнешниот состанок на водачите на БиХ во светлината на зајакнувањето на шансите на БиХ да добие кандидатски статус за ЕУ.

Тој, исто така, им се заблагодари на Словенија, Унгарија, Хрватска, Австрија и Полска што сакаат да ѝ помогнат на БиХ да добие кандидатски статус, додавајќи дека по самитот во Брисел шефот на Делегацијата на ЕУ во БиХ Јохан Сатлер „потрчал да објасни дека некој од Република Српска, првенствено СНСД , не го сака тоа“.

„Порачувам дека многу луѓе што ги среќавам не мислат дека ЕУ е нешто што го сакаме толку жестоко како порано. Не може да се каже дека на ЕУ ѝ нема алтернатива“, рече Додик.

Тој повтори дека негова заложба е БиХ да се движи кон ЕУ, но дека по последниот состанок во Брисел нема доверба во Унијата.

Српскиот член на Претседателството на БиХ го повтори ставот дека сите 14 препораки на ЕУ треба да бидат договорени во БиХ.

„Кога ќе се договорат сите 14 препораки, тогаш е договорено, ако една не е договорена, тогаш ни другите не се“, потенцира Додик.

Според него, не е можно да се повлечат препораките што ја централизираат БиХ, да останат странски судии во Уставниот суд и високиот претставник.

Коментирајќи ја одлуката за доделување статус на кандидат за ЕУ на Молдавија и Украина, Додик рече дека доколку Унијата „не престане да поставува некои илузорни барања, БиХ нема потреба да работи на тоа“.

„Тие мислат дека ние тука сме помалку вредни луѓе, мислат дека треба постојано да ни се врши притисок. Војната во БиХ и страдањата на 94.000 луѓе не им беа доволни, тие ја донесоа својата одлука и ја сметаат за историска“, изјави Додик за новинарите во Бјелина.

Според него, одлуката за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија е нешто што е „тешко целосно да се разбере“.

„Немам ниедна причина да не кажам ‘ова е ваша одлука, вие се носите со тоа’. Во Украина сè уште ништо не е дефинирано, тие имаат различни ставови за тоа како ќе заврши“, рече српскиот член на Претседателството на БиХ.

Додик рече и дека некои, како Европејците, мислат дека Русија влегла во Украина за да излезе од таа земја, а други дека влегла за никогаш да не излезе.

„Значи, никој не знае што се случува таму, како ќе изгледа тоа, или колку долго, како ќе ја конституираат таа земја, што ќе се случи од неа, дали ќе остане цела или не, ништо не се знае“, смета тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе