Додик: Целта на Република Српска е самостојност и обединување со Србија

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик викендов повтори дека Република Српска е всушност држава на српскиот народ и истакна дека крајната цел ѝ е независност и обединување со Србија.

EPA-EFE

„РС е несомнено држава на српскиот народ“, кажа лидерот на босанските Срби по повод Денот на Република Српска, кој се одржа во саботата.

За разлика од претходно, годинава одбележувањето на празникот, кое уставниот суд на БиХ го прогласи за неуставно, беше организирано без паради на полицајците и пожарникарите и без масовни собири поради пандемијата.

Додик: РС е остварување на повеќевековната идеја Србите да имаат своја држава

Актуелниот претседавач на тричленото Претседателство на БиХ, Додик во видео-снимка повтори дека Република Српска е „остварување на повеќевековната идеја на Србите да имаат своја држава“.

Кажа дека тој ентитет е резултат на борбата која Србите ја воделе од турската окупација до комунистичка СФРЈ која на српскиот народ се обидела да му го ускрати идентитетот „формирајќи некои други нации“.

„Тоа никогаш не беше борба за БиХ, туку за единство со Србија“, кажа Додик додавајќи дека конечната цел е самостојна и слободна Република Српска.

Најави најголема прослава на Денот на РС за две години

Дел од пратениците од српска националност во собранието на тогашна СРБИХ на 9 јануари 1992 противуставно прогласија „Српска Република БиХ“, обидувајќи се така да ја спречат независноста на Босна и Херцеговина. Уставниот суд двапати пресуди дека одбележувањето на тој датум е неуставно бидејќи ги крши правата на Бошњаците и Хрватите кои живеат на територијата на РС.

И покрај тоа што таа пресуда е обврзувачка, властите во РС продолжија со таа пракса, а Додик најави дека во 2022 година може да се очекува најголемата прослава досега.

„Тоа е денот кој го направи нашиот народ па не може и никогаш нема да биде укинат со одлука на кој било меѓународен инквизитор“, заклучи тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе