Додека во Белград гореше, РТС го даваше Џеки Чен

Додека Белград гореше, фигуративно во пресметката помеѓу полицијата и демонстрантите што излегоа на улиците по новите драстични мерки против короната што ги воведе српскиот претседател Александар Вучиќ, и буквално затоа што на улиците гореа факели, контејнери и автомобили, српската јавна телевизија РТС го прикажуваше Џеки Чен.

Додека полицијата и демонстрантите со часови се тепаа на улиците на Белград, на РТС, како апсолутно ништо да не се случува, се емитуваше филм со интересен наслов - „Полициска приказна 2“, со Џеки Чен во главната улога.

„Ало, РТС, на 50 метри од вас, речиси ПОД ПРОЗОРЕЦ, имате неколку илјади луѓе што протестираат! Имате настан на ДЕНОТ! А се правите мртви! СИТЕ ве плаќаме за да информирате, а не да ги мамите граѓаните! Не можете вечно да ја игнорирате реалноста што во моментов ви е под нос!“, е само еден од коментарите на интернет, кој е преплавен со изливи на гнев против јавниот сервис.

Дури ни три часа откако првите луѓе почнаа да се собираат во центарот на Белград на српската јавна телевизија не беше објавена никаква вест што би ги информирала гледачите за тоа што се случуваше на улиците во Белград.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе