Кулеба треба да ги информира министрите за надворешни работи на НАТО денеска во Берлин за ситуацијата во Украина и како Алијансата може дополнително да помогне во борбата против руската инвазија која трае 12 недели.
„Се договоривме за блиска соработка за да обезбедиме храната што ја извезува Украина да стигне до потрошувачите во Африка и Азија. Благодарен сум на секретарот Блинкен и на САД за нивното лидерство и силната поддршка“, напиша Кулеба на Твитер.
Двајцата функционери разговараа за ефектите од руската инвазија на Украина, вклучително и ефектите врз безбедноста на храната во светот, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.
„Секретарот Блинкен пренесе детали за последниот дел од американската безбедносна помош за зајакнување на одбраната на Украина“, рече Прајс.