Директорот на американскиот ЦДЦ: Маските можат да штитат подобро од вакцина против коронавирусот (ВИДЕО)

Роберт Редфилд, директорот на американскиот Институтот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), изјави вчера за време на сослушувањето во Сенатот дека маските можат да бидат подобра заштита отколку вакцина против коронавирусот.

EPA-EFE/Andrew Harnik

„Маските се најмоќното средство за заштита од коронавирусот и можеби може да обезбедат подобра заштита од вакцината. Имаме научни докази дека делуваат и тие се наша најдобра заштита, пренесе Си-ен-би-си.

„Би можел да одам дотаму да кажам дека оваа маска ми е поголема гаранција за заштита од коронавирусот отколку вакцината, бидејќи постои можност вакцината да не делува баш на мене“, рече Редфилд.

„Ако не добијам имунолошки одговор, вакцината нема да ме заштити", рече тој. „Оваа маска за лице ќе ме заштити“, рече Редфилд, држејќи во рака медицинска маска, и додаде дека Американците сè уште не носат маски до тој степен што би било доволно да се контролира бројот на заразени.

„Затоа апелирам до американската јавност да преземе одговорност, особено сите на возраст од 18 до 25 години, да носат маски и со тоа да придонесат да се стави пандемијата под контрола“, рече Редфилд.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Andrew Harnik

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе