Дипломатската војна продолжува: САД протеруваат уште 54 руски дипломати

Соединетите Американски Држави следната година ќе протераат уште најмалку 54 руски дипломати, соопшти рускиот амбасадор во Вашингтон, откако влошените односи доведоа до тоа амбасадите и конзулатите да немаат доволно персонал и не можат да ги пружаат ни најосновните услуги, пренесува Москоу тајмс.

EPA-EFE

Рускиот амбасадор Анатолиј Антонов кажа дека 27 руски дипломати треба да ги напуштат САД со своите семејства до 30 јануари, додека се очекува уште 27 да ги напуштат САД на 30 јуни.

„Се соочуваме со сериозен недостиг од персонал“, кажа Антонов. Повеќе од 100 руски дипломати со семејствата се протерани од САД од 2016 година, кога обвинувањата на Вашингтон за наводно мешање на Москва во претседателските избори таа година ги нарушија американско-руските врски.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова претходно кажа дека очекува 55 руски дипломати и персонал да ги напуштат САД „во следните месеци“.

По неколкуте рунди дипломатски протерувања, Соединетите Држави сега имаат 120 луѓе во своите руски мисии, што е далеку помалку од 1.200 колку што имаа во 2017, додека Русија има 230 луѓе во САД, не сметајќи ги оние во Њујорк во Обединетите нации.

Среде постојаниот спор околу тоа колку дипломати секоја страна може да постави во другата земја, Русија ги стави САД на листата „непријателски земји“ на кои им е потребно одобрување за вработување руски државјани.

Американскиот Стејт департмент предупреди дека американската амбасада во Москва би можела да престане да ги врши повеќето функции во 2022. Минатиот месец ја додаде Русија на листата земји во кои „политичката или безбедносната ситуација е доволно слаба или неизвесна“ за да го спречи конзуларниот персонал да ги процесира апликациите за доселенички визи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе