Десетици милиони луѓе во Кина повторно се во карантин

Десетици милиони луѓе во Кина се во карантин додека компаниите во големите туристички градови се принудени да ги затворат своите врати, а најновите жаришта предизвикуваат стравувања од враќањето на сеопфатните ограничувања. Здравствените власти пријавија повеќе од 300 заразени, а жаришта се идентификувани во историскиот северен град Сиан - домот на војската од теракота - како и најголемиот град во Кина, Шангај.

Фото: ЕПА

Новите случаи и официјалниот одговор на нив ги продлабочија стравувањата дека Кина може да се врати на строгите ограничувања забележани претходно оваа година, кога строгата нулта толеранција на Пекинг за ковид држеше десетици милиони луѓе затворени со недели. Во Шангај, некои жители на социјалните мрежи објавија дека повторно добиваат владини испораки на храна - враќање на повеќемесечниот пролетен карантин.

„Да ви кажам страшна работа - округот Путуо повторно испраќа зеленчук“, стана вирална објава на Вичет на еден граѓанин. „Толку сум нервозен, епидемијата ми ја уништи младоста. Ќе ме полуди“, напиша друг граѓанин на Веибо.

Официјалните лица започнаа нов круг на масовно тестирање во повеќе од половина од градските населби по скокот во бројот на случаите од викендот, затворајќи ги сите караоке барови во средата, откако беше откриено дека некои случаи се поврзани со шест такви места.

Сиан - историскиот град со 13 милиони луѓе кој беше во карантин еден месец кон крајот на минатата година - повторно е под „привремени контролни мерки“ откако од саботата беа откриени 29 случаи, главно меѓу работниците за рециклирање отпад.

Јавните места за забава, вклучувајќи пабови, интернет кафулиња и караоке барови, ќе бидат затворени од полноќ во среда, соопштија градските власти. Државните медиуми покажаа снимки од граѓаните на Сиан кои стојат во редови за тестови од полноќ во вторникот, нагласувајќи дека градот не е во карантин.

„Сите позитивни случаи припаѓаат на БА5.2 омикрон варијантата, а работата на епидемиолошкиот мониторинг сè уште е во полн ек“, рече здравствениот претставник на Сиан, Ма Чаофенг на брифингот. Новото избивање на епидемијата повторно е предизвик за претседателот Си Џинпинг, кој минатата недела ја потврди својата решеност да го елиминира ковид и покрај се поголемата економска цена.

Јапонската банка Номура проценува дека најмалку 114,8 милиони луѓе низ целата земја се во целосен или делумен карантин од понеделникот, што е остар скок од минатонеделните 66,7 милиони. Повеќе од 1.000 случаи се пријавени од минатата недела во централната покраина Анхуи, а десетици се прелеале во покраината Џиангсу во соседството на Шангај, загрозувајќи го главниот производствен регион на делтата Јангце.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе