Десетици кинески градови објавија црвен аларм поради топлотниот бран, се топат покриви и патишта

Десетици кинески градови се печат на високи температури, при што невообичаено топлото време ги топи патиштата и покривите на зградите, додека спарното време ги принуди луѓето да бараат свежина во подземни засолништа.

Фото: ЕПА

До 11 часот во вторник, 68 градови - вклучително Шангај и Нанџинг - објавија црвен аларм, највисок во тристепениот систем за предупредување од топлотни бранови, предвидувајќи температури повисоки од 40 степени Целзиусови во следните 24 часа.

Шангај, кој сè уште се бори со спорадични жаришта на ковид-19, ги предупреди своите 25 милиони жители да се подготват за топлото време оваа недела. Од почетокот на евиденцијата во 1873 година, Шангај има само 15 дена со температури над 40 Целзиусови степени.

Широко споделена фотографија на социјалните мрежи покажува техничар во заштитно одело како на станицата за тестирање на коронавирус гушка блок од мраз висок еден метар покрај патот, пренесе Ројтерс.

Персоналот во паркот за диви животни од Шангај на 152 хектари троши осум тони мраз дневно само за да ги излади животните.

„Оваа година, жештините дојдоа малку порано од претходно“, рече за Ројтерс Жу Дарен, жителка на Шангај, додека нејзиниот петгодишен син си игра во фонтана.

„Иако е само јули, чувствувам дека (жешкото време) веќе го достигна својот врв. Во суштина, мора да ја вклучите климата кога ќе се вратите дома и да ставите крема за сончање кога ќе излезете надвор“.

Кина оваа година се соочува со лето полно со контрасти, со топлотни бранови и обилни врнежи што наизменично ја пустошат земјата. Властите, осврнувајќи се на климатските промени, предупредија на можни временски непогоди од средината на јули, традиционално најтоплото и најврнежливото време од годината.

Во град во јужната провинција Џиангкси, дел од патот се подигнал најмалку 15 сантиметри поради жештините, покажа државната телевизија, пренесе Ројтерс.

Нанџинг, еден од трите кинески пеколни градови, познат по жешките лета, од неделата за жителите отвори подземни засолништа за воздушни напади. Воените бункери се опремени со ви-фи, книги, вода, дури и микробранови печки. Градот во вторникот издаде црвен аларм.

Во Чонгкинг, вториот „пеколен град“, покривот на музејот буквално се стопил, а традиционалните кинески ќерамиди пукале паѓајќи додека топлината го стопила катранот што ги држел на покривот. Градот во понеделникот објави црвен аларм.

Чонгкинг распореди камиони со прскалки со вода за ладење на патиштата.

Се предвидува дека оваа недела високите температури, влажноста и ултравиолетово зрачење ќе го погодат и централниот град Вухан, третиот пеколен град.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе