Денес паѓа одлуката за новата влада на Црна Гора

Одлуката за новата влада на Црна Гора ќе биде донесена денес, пренесуваат подгоричките медиуми повикувајќи се на извори во црногорските политички партии.

EPA-EFE

Денес би требало да биде одржана завршната средба на политичките партии во Црна Гора со мандатарот и лидер на УРА Дритан Абазовиќ.

„Денес ќе се знае сè за новата влада“, кажа Абазовиќ.

За тоа кои ќе бидат заклучоците од состанокот ќе се знае до крајот на денот, а Абазовиќ за утре, 12 април, закажа конференција за медиумите.

„Влеговме во финишот. Мислам дека многу брзо ќе излеземе со барање за свикување на парламентот“, им кажа Абазовиќ на новинарите во Подгорица.

Сè уште не е познато кои партии ќе влезат во новата влада на Црна Гора. Сепак, според најавите, во владата нема да учествуваат двете самостојно најсилни политички сили – Демократскиот фронт и Демократската партија на социјалистите.

Поддршка на владата најавија малцинските партии, Бошњачката партија и двете коалиции на албански партии.

За стабилноста на владејачкото мнозинство сепак се неопходни гласови од ДФ и ДПС.

Како што најави и самиот лидер на ДПС и претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, таа партија е спремна да ја поддржи новата влада во парламентот, со „разумни политички услови“. За кои услови станува збор не се знае.

Сепак. Ѓукановиќ кажа дека во таа влада нема да има негови министри.

Претходната влада на премиерот Златко Кривокапиќ падна на 4 февруари. На 3 март претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ го предложи лидерот на граѓанското движење УРА и дотогашен вицепремиер Дритан Абазовиќ за мандатар за состав на нова влада. Од тогаш траат преговорите за новиот состав на црногорската влада.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе