Денес одлука за статусот на Украина околу влегувањето во ЕУ

Лидерите на Франција, Германија и Италија вчера, во посета на Киев, ги поддржаа напорите на Украина да се приклучи во Европската Унија.

Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сите четворица лидери ја поддржуваат идејата на Украина да ѝ се додели статусот на кандидат за членство во ЕУ.

Денес Европската комисија треба да донесе одлука за статусот на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски посетата на лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија во Киев ја опиша како „историски ден“ за неговата земја.

„Украина ужива во поддршката на четири моќни европски земји“, рече тој во своето вечерно видеообраќање, додавајќи дека Украина сега е поблизу до Европската Унија од кога било од нејзината независност.

Макрон рече и дека е подготвен да патува во Москва на разговор со рускиот претседател Владимир Путин под одредени услови.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе