Прв државен погреб од смртта на Черчил во 1965

Денес e погребот на кралицата Елизабета II, се очекуваат околу две илјади гости (ВИДЕО)

Британската кралица Елизабета Втора, која ќе остане запаметена како суверен што владеел повеќе од 70 години, ќе биде погребена денеска во Лондон.

Фото: ЕПА

На погребот се очекуваат околу 2.000 гости, меѓу кои и неколку стотици шефови на држави и членови на различни монархии во светот. Тоа ќе биде првиот државен погреб по смртта на премиерот Винстон Черчил во 1965 година.

Полицијата изјави дека безбедноста на погребот ќе биде повисока од безбедноста на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Граѓаните можеа до утрово да ѝ оддадат последна почит на кралицата во Вестминстерската сала пред да почне погребната церемонија.

На погребот, меѓу другите, ќе присуствуваат и претседателите на САД и Франција, Џозеф Бајден и Емануел Макрон, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер објави компилација од архивски снимки на кралицата Елизабета. „Ви благодарам, Ваше Височество“, напиша Макрон.

Се очекува да присуствуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Бразилецот Жаир Болсонаро и саудискиот принц Мохамед бин Салман. Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе биде претставен од високиот функционер Ванг Кисан.

Официјални лица од Русија, Белорусија, Северна Кореја и Мјанмар не беа поканети на погребот.

Се очекува да дојдат членовите на кралските семејства од Шпанија, Монако, Норвешка, Холандија, Данска, како и јапонскиот цар Нарухито, кој ќе го направи своето прво патување во странство по доаѓањето на тронот во 2019 година.

Кралицата (96) почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска, а наследник е нејзиниот најстар син, принцот Чарлс, кој стана крал Чарлс Трети, додека неговиот најстар син Вилијам е новиот наследник на тронот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе