По инцидент во паркот отспротива

Демонстрантите свртеа оро пред српскиот парламент (ВИДЕО)

Во еден момент од вечерашниве протести во Белград завладеа весела атмосфера пред српскиот парламент. Демонстрантите се фатија за раце и заиграа оро.

По инцидентот во Пионирски парк со група луѓе за кои демонстрантите сметаат дека се провокатори пратени од Вучиќ за да предизвикаат насилство, пред Собранието на Србија завладеа весела атмосфера.

Насобраните демонстранти се фатија за раце и свртеа оро.

Во еден момент почнаа и да фрлаат пари на пешкир на плочникот.

Дел од присутните скандираа „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“.

Пред овие сцени изби инцидент во Пионирски парк, каде што дојде до тепачка кога групата избркана од протестот почна со лименки да ги гаѓа оние што протестираа мирно.

Откако го завршија орото одреден број демонстранти се разотидоа и атмосферата не е напната.

Вечерва протести се одржуваат и во Нови Сад и во други градови.

Објавено

Четврток, Јули 9, 2020 - 23:34

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе